Официјални топки на светските фудбалски првенства

На светското првенство во Русија ќе се игра со топката Телестар 18 којашто е креирана според првата Телестар топка на германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ којашто беше користена во 1970 година на Светското првенство во Мексико.

Инспирацијата за топката со којашто ќе се игра во Русија е добиена од сателитот „Телстар“ лансиран во орбитата во 1962 година кој и натаму кружи околу Земјата, иако одамна ја има завршено својата првична намена да прва сателитска комуникација во светот. Сферичниот сателит резултат на заедничките напори на NASA и „Bell Telephone laboratories“ (денеска AT&T), беше инспирацијата за називот на топката со којашто ќе играат во Русија моментално најдобрите фудбалери на планетата.

Името на оригиналната топка Телестар настанало од кратенката „star of television“ имајќи предвид дека Светското првенство во Мексико беше првото коешто ширум светот се пренесуваше преку телевизијата. Денессвоевидна спортска икона, Телестар 1970 беше направена со дополнителни црни панели за топката подобро да се истакне на црно-белите телевизиски приемници со што засекогаш беше променет дизајнот на фудбалските топки.

Класикот е оживен со новиот дизајн на панелот со металик принт и ефект на графичка текстура со најмодерната технологија во производството на топки. Првпат во историјата во официјалната фудбалска топка на Светско првенство е вградена технологијата NFC чипот со што Телестар 18 станува најиновативната топка досега. Чипот овозможува интеракција со топката со помош на паметен телефон, при што корисникот добива пристап до ексклузивната содржина и персонализирани информации.

Интересно во историјата на светските првенства на првиот мундијал игран 1930 година во Уругвај финалето се играло со две топки. Бидејќи Уругвајците и Аргентинците не може да се договорат со чија топка да се игра, пресудила ФИФА и во секое полувреме се играло со друга топка. Аргентинците ја избрале „Тиенто“ и по првото полувреме воделе со 2:1. Во продолжението од мечот се играло со „Т-модел“ и Уругвајците постигнале три гола и направил пресврт за конечните 4:2.

Четири години подоцна во Италија се играло со топката „Федерале 102“, додека Французите во 1938 година ја претставиле топката „Ален“. За мундијалот во 1950 година во Бразил топката ја осмислила и направила фирмата „ Tossolini – Valbonesi-Polo & Cia“, од гратчето Бела Вил, и била дотогаш најдобрата фудбалска топка, целосно компактна.

Во Швајцарија во 1954 година се играло со топката „Swiss World Champion Match ball“, а очигледно им одговарала на играчите бидејќи тоа е најефикасното светско првенство во историјата со просек од 5,38 голови по натпревар.

Во конкуренцијата за топката за светското првенство во 1958 година победила шведска фирма од местото Ангелхолм. Топката го носела името „Топ Стар“, а се состоела од 24 делови.

Во Чиле во 1962 година се играло со две топки, „Крак“ и „Топ Стар“, а во Англија во 1966 година со „Челенџ 4-Стар“. Земјата којашто го измислила современиот фудбал, орала да се претстави и со нова топка, а на ја направила компанијата „Slazenger“.

Во Мексико во 1962 година започнува новата ера. Германски „Adidas“ станува официјален производител на топките, а тоа останува и до денес. Моменталниот договор трае до 2030 година. Во Мексико се играше со топката „Телестар“. Целосно била направена од кожа, а беше првата бела фудбалска топка декорирана со црни пентаграми.

За светското првенство во 1974 година, веројатно задоволни од резултатот од претходниот мундијал, производителот не менуваше многу. „Адидас Танго“ беше топката со којашто се играше на светското првенство во 1978 година во Аргентина. Во Шпанија четири години подоцна изгледот на „Танго“ незначително е изменет, со подобрена отпорност на вода, поради шевовите.

Првата синтетичка топка на светските првенства беше „Адидас Ацтека“ со којашто се играше во Мексико во 1986 година. Подобрена е трајноста на топката и намалено апсорбирањето на водата. Дизјанот на топката е инспириран од ацтешката архитектура. Во Италија во 1990-та „Адидас Етруско“ беше првата топка којашто содржи внатрешен слој црна полиуретанска пена, што овозможуваше топката да биде поврза од сите претходни.

На мундијалот во 1994 година официјална топка беше „Адидас Квестра“. Таа беше помека и полесна за контролирање, додека на следното светско првенство во Франција се играше со топката „Триколори“.

Во Јужна Кореја и Јапонија во 2002 година, „Adidas“ претстави потполно нов дизајн на топката. Првпат по 1978-та произведувачот престана со „Танго“ дизајнот на топката. Топката доби целосно нов изглед, вклучително и нови бои, а беше наречена „Февернова“. Оваа топка беше многу критикувана.

На светското првенство во Германија во 2006 година се играше со „Тимгејст“ топката којашто имаше радикално нов пристап на дизајнот. Се состоеше од 14 поврзани компоненти, со што е напуштен принципот од 1970-та да бидат 32. Секоја топка беше „индивидуализирана“ со датумот, местото на одигрување и со имињата на противниците.

Четири години подоцна во Јужна Африка се играше со топката „Џабулани“. А оваа топка, без конкуренција, беше најкритикуваната од сите претходни. Играчите, а во прв ред голманите беа гневни поради нејзиниот непредвилив лет.

Во Бразил пред четири години се играше со „Бразука“. Топката го доби името во септември 2012 година по јавното гласање во коешто учествуваа милион фудбалски поклоници, а претставува локален неформален термин кој го симболизира бразилскиот начин на живот.

 

Преглед на сите топки на светските првенства

1930 – Tiento и T-model
1934 – Federale 102
1938 – Allen
1950 – Super Duplo T
1954 – Swiss World Champion Match ball
1958 – Top Star
1962 – Crack и Top Star
1966 – Challenge 4-Star
1970 – Telstar Adidas
1974 – Telstar Durlast Adidas
1978 – Tango
1982 – Tango Espana
1986 – Adidas Azteca
1990 – Etrusco Unico
1994 – Adidas Questra
1998 – Tricolore
2002 – Fevernova
2006 – Teimgeist
2010 – Jabulani
2014 – Brazuca
2018 – Adidas Telstar 18.