ОФИЦИЈАЛНО: 77 загинати и еден преживеан во несреќата во Алжир

Страотната авионска несреќа во Алжир ја преживеа само еден патник, а 77 загинаа.

Во вчерашната авионска несреќа  има еден преживеан, а пронајдени се телата на  71 жртва  по уривањето на военотранспорниот авион во планинската област во источниот дел на Алжир.

Според државното радио, авионот „Херкулес Ц-130“ летал од јужниот град Таманрасет кон североисточниот град Константин. Во авионот имало 74 патници и четири членови на екипажот. Загинатите се членови на армијата и нивните семејства.

Преживеаниот е војник, кој е во многу тешка состојба со повреди на главата и на градниот кош.

Авионот се урнал во реонот на планинскиот масив Џебел Фортас во провинцијата Ум ел Буаги, на 500 километри источно од престолнината Алжир.

Според локалната власт причината за трагедијата се лошите временски услови.

Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика прогласи тридневна жалост за жртвите.

Првично, државната новинска агенција на Алжир соопшти дека се загинати 103 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.