Официјално: Јирген Клоп ќе биде новиот спасител на Ливерпул

Официјално - Јирген Клоп потпиша тригодишен договор со Ливерпул

Клоп, кој во Ливерпул доаѓа на местото на Брендан Роџерс, ќе биде 20-от менаџер во историјата на клубот. На “Енфилд Роуд” ќе биде претставен утре, на прес – конференција закажана во 11 часот.

Според договорот, тој ќе заработи 18 милиони евра и ќе ги води “црвените” во наредните три сезони.

Јирген Клоп со Борусија Дортмунд освои две шампионски титули во Германија (2011, 2013), а играше и во финалето на Лигата на шампионите. Со него во стручниот штаб доаѓаат и неговите досегашни соработници, Жељко Бувач и Петер Кравиец.

Ливерпул во моментов се наоѓа на десеттото место на табелата со 12 освоени бода, шест помалку од првопласираниот тим на Манчестер Сити. Раководството и фановите на клубот се надеваат дека Клоп би можел да го одведе Ливерпул до пласман во Лигата на шампионите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.