ОФИЦИЈАЛНО: Кире Лазаров ја напушти Барса, потпиша договор со нов клуб!

лазаров

Десниот бек, кој беше најдобар стрелец на Светското првенство во Франција потпиша двегодишен договор со учесникот во Лигата на шампионите и на истек од договорот со Барселона се реши за нов предизвик.

Лазаров имаше понуда за едногодишен договор со Барселона, но условите кои ги понуди Нант беа подобри и затоа Лазаров се одлучи за нов предизвик. Тој заминува од Каталонија по четири сезони преполни со успеси, а и до крајот на оваа сезона се бори за сите трофеи со славниот каталонски клуб.

Нант со Лазаров го започнува проектот во кој ќе се обиде да им се доближи на ПСЖ и Монпелје и да биде секоја година дел од Лигата на шампионите. Нашиот ракометар официјално ќе биде претставен по завршувањето на сезоната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.