вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Официјално: Љуљзим Хазири е петтиот член на комисијата за медиуми

mediumiii

Поврзани вести

Членовите на привремената Комисија за Следење на Медиумското Претставување со консензус постигнаа согласност за избор на Љуљзим Хазири за петти член на Комисијата, откако неговата кандидатура беше договорена на состанокот на лидерите на партиите во средата вечер.

Денеска официјално беше комплетирано привременото тело за следење на изборите, во тие 100 дена пред избори. Сакам да им се заблагодарм на сите кои изразија интерес да бидат дел од ова медиумско известување. Имаме неколку принципи од кои нема да се отстапи. Тоа е пред се слобода на изразување, слобода на медиуми, никаква цензура и се разбира почитување на сите правила за сите подеднакво, изјави Слаѓана Димишкова, член на Комисијата.

Долгогодишниот новинар и НВО активист Хазири изјави дека неговата кандидатура, која беше покрената во текот на вчерашниот ден, била веројатно единственото решение за кое партиите можеле да се согласат.

Мислам дека со моето присуство и со мојата независност ќе бидам репер на добра соработка и изнаоѓање решенија. Сметам дека состојбата со медиумите не бара 100 дена, туку подолг временски период за да се добие една оптимална ситуација, изјави Хазири.

Мониторингот на програмата на телевизиите и радио-дифузерите почнува во петок. Согласно законските измени, привремената Комисија која се формираше во Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни Медиумски Услуги ќе носи заклучоци кои ќе бидат важечки за Агенцијата. Заклучоците ќе се однесуваат на препораки дали да се покренат постапки против медиуми кои го прекршиле изборниот законик.

Најчитани вести