Официјално: Марко Ројс им “удри корпа” на заинтересираните клубови, останува со “милионерите” до 2019

Потпишувањето нов договор, со кој Марко Ројс се обврза да биде верен кон Борусија Дортмунд до 2019 година е најшокантната вест која денеска пристигна од светот на фудбалот.

Германскиот репрезентативец, за кого буквално се “тепаа” најголемите европски клубови, стави потпис на нов договор кој има траење од четири ипол години.

По очајната сезона на “милионерите”, во која се борат за опстанок во Бундес лигата, имаше најразлични најави за трансфер на Ројс во Реал Мадрид, па во Челзи, се споменуваше и Барселона, но сите тие шпекулации паднаа во вода со денешното продолжување на соработката помеѓу одличниот офанзивец и Борусија Дортмунд.

“Многу сум среќен со мојата одлука. Дортмунд е мој град, а Борусија мој клуб. Јас гледам светла иднина и успех со тимот подржан од фантастичните навивачи. Имаме многу работа”, изјави Ројс.

Според добро упатените, во новиот договор на Ројс нема откупна клаузула, па така следниот клуб кој ќе сака да го донесе во своите редови ќе мора “дебело” да плати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.