Спорт

Официјално: Михајловиќ две години во Милан

Официјално: Михајловиќ две години во Милан

Поранешниот фудбалер на Интер се повлече од функцијата тренер на Сампдорија на крајот на изминатава сезона, а сега и официјално е назначен за наследник на Филипо Инзаги.

Милан претпладнево издаде официјално соопштение преку кое ја информираше јавноста за договорот кој е постигнат со Синиша Михајловиќ, кој ќе биде со времетраење од две години.

“Синиша Михајловиќ, кој потпиша двегодишен договор, ќе биде нов тренер на Милан. Клубот му посакува среќа во неговата работа како и најдобри резултати”, стои во соопштението.

Михајловиќ ја одведе Сампдорија до седмата позиција во Серија А, но се повлече на крајот на сезоната преку отворено писмо до фановите на клубот во кое нагласи дека е “време за нов предизвик”.

Првичниот план на раководството на Милан беше да се ангажира Карло Анчелоти, тренерот со кој “росонерите” ја освои Лигата на шампионите, но 55-годишниот трофеен тренер се одлучи за пауза од фудбалот и опоравување од операцијата на грбот.

Покрај Сампдорија, Михајловиќ во својата тренерска кариера ги водеше и Катаниа, Фиорентина, а одреден период беше и селектор на Србија.