сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Официјално: Откриена најгрдата боја во светот

Експерите ја открија најгрдата боја во светот што се опишува како боја на нечистотијата, канализацијата, па дури и на смртта.

boi-1

Поврзани вести

Експерите ја открија најгрдата боја во светот што се опишува како боја на нечистотијата, канализацијата, па дури и на смртта.

Во светот на боите сосема е природно да имаме сопствени афинитети и не постојат „убави“ и „грди“ бои, со оглед на тоа што тоа зависи од различните лични афинитети и вкус. Но, изгледа тоа не е случај со една боја што сега и официјално е прогласена за најгрда во светот.

najgrdata-boja-1

Бојата се нарекува пантоне 448 ц и всушност има мошне важна мисија, па сакаат да ја искористат за да ги пакуваат цигарите со цел да се намали бројот на пушачи.

Австралиската влада во 2012-тата година најмила една истражувачка агенција да им дизајнира амбалажа за сите видови цигари, а истата морала да биде колку е можно понепривлечна.

Им биле потребни три месеци, седум студии и над 1.000 пушачи, но на крајот откриле кои бои се најодбивни: лимон зелена, бела, беж, темно сива и сенф боја. На крајот победи бојата меѓу „маслинеста“ и смеѓа.

Следејќи го примеро на Австралија, исто истражување спроведоа и Ирска, Велика Британија и Франција.

Најчитани вести