Официјално: Стадемаер е нов член на Далас

Довчерашниот кошаркар на Њујорк Никс, Амаре Стадемаер и официјално продолжува со Далас Маверикс.

Искусниот центар пред неколку дена го раскина договорот со тимот од “Големото Јаболко”, а гласините дека веќе постои устен договор помеѓу него и сопственикот на Далас, Марк Кјубан беа се погласни.

Денес тој договор беше официјализиран, откако високиот кошаркар го стави својот потпис на договорот со “маверикси”.

“Возбуден сум што станувам дел од Далас. Чест е да се игра со Новицки, Тајсон, Чендлер и останатите големи кошаркари кои се дел од тимот. Овде имам голема шанса да освојам шампионски прстен”, изјави Стадемаер.

Во најсилната кошаркарска лига, искусниот 32-годишен центар игра од 2002 година, а покрај за Њујорк никс, тој настапуваше и за Феникс. Во редовите на Далас, тој ќе го носи дресот со број 1.