Оглас за 25 нови градежни парцели во Гевгелија

Поради големиот интерес за градење индивидуални станбени објекти, Општина Гевгелија денеска објави огласи за продажба на уште 25 градежни парцели од кои 23 за индивидуални куќи и две парцели за објекти од лесната индустрија.

Од одделението за урбанизам информираат дека најмногу парцели,  12 со површина од 304 до 525 метри квадратни се понудени во населбата Караорман, три се понудени кај Моински пат со површина од 312 до 440 квадрати и осум градежни парцели со површина од 727 до 1.838 квадрати и посебен градежен режим се понудени во населбата Мрзенски рид.

Двете градежни парцели наменети за објекти од лесната индустрија се наоѓаат крај Сува река и зафаќаат површина од 2.617 и 3.965 метри квадратни.

Електронското јавно наддавање за парцелите во Караорман и Моински пат ќе се одржи на 23 јуни, за парцелите на Мрзенски рид на 24 јуни, а за индустриските парцели кај Сува река на 6 јули.

Сите понудени парцели за градба на индивидуални куќи и индустриски објекти, ќе се продаваат со почетна цена од 61 денар за метар квадратен.