Оглас за 420 грантови за самовработување

Започнува втората фаза од владината мерка грант за самовработување. Огласот е објавен денеска и сите невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување на Република Македонија кои имаат добра бизнис идеја ќе можат да аплицираат до 30 април годинава и да основаат свој сопствен бизнис. Со оваа мерка е предвиден грант од 200.000 денари неповратни средства од  државата за основање на 420 мали бизниси.

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека првата фаза од оваа мерка поминала доста успешно и илјадници граѓани успеале да се самовработат и да регистрираат сопствени компании.

Вкупно досега се регистрирани 7.720 приватни компании кои што се уште опстојуваат и се вработени над 790 лица преку мерката грант за самовработување. За оваа година вкупниот буџет за реализација на оваа мерка е во износ од 207 милиони денари за финансиска поддршка на 920 грантови, истакна Спасов.

Тој посочи дека првиот јавен оглас за самовработување кој беше објавен на почетокот на оваа година е во завршна фаза и биле доделени 500 грантови за формирање на мали компании, додека со овој оглас се предвидени 420 грантови.

За реализација на втората фаза имаме обезбедено средтва од 85 милини денари, рече Спасов.

Заменик министерот упати апел до сите невработени лица кои што имаат своја идеја за основање на мал бизнис да ја искористат оваа  можност за неповратни финансиски средства од 200.000 денари за основање на своја компанија.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски информираше дека одредени граѓани кои ќе учествуваат на оваа мерка и ќе се јават на овој оглас ќе добијат дополнителни 2.000 евра неповратни средства доколку нивните бизниси бидат прогласени за иновативни односно за економско и финансиски одржливи бизниси.

Оглас за 420 грантови за самовработување
Оглас за 420 грантови за самовработување

Прогласувањето на овој тип бизниси, појасни тој, ќе биде во септември по завршување на втората фаза, со тоа што тогаш ќе бидат доделени дополнителните 2.000 евра кои ќе формираат фирма за нивниот иновативен бизнис кој ќе го рапорат.

Поповски потенцира дека на овој втор оглас можат се се вклчучат сите лица кои учествувале во првиот оглас, кои ќе ја поминат обуката, а не успеале да влезат во изборот на квалитетни бизнис планови. Ако имаат нова идеја, рече тој, ќе можат да се вклучат директво во втората фаза од овој циклус.

Слободанка Алексовска, директор на Центарот за вработување во Скопје, соопшти дека нема да се доделуваат грантови за основање бизниси од земјоделска дејност односно дејност од секторот АА одел 1 растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, од трговија на големо и дистрибуција, трговија и дистрибуција на оружје, финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, бизнии од областа на транспортот такси превозот и бизниси повразни со недвижности и конуслтантски услуги. Сите други дејности се предмет на грантот.

Во текот на изминатиот период од спроведувањето на мерката се регистрирани 7.720 мали приватни компании кои опстојуваат и преку кои се вработени над 7.900 лица.