Оглас за вработување на двајца нови членови на Советот за јавни набавки

Владата на Македонија објави оглас за именување на два члена на Советот за јавни набавки. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев апелираше да се пријават способни и квалитетни кадри за овие позиции.

-Се бараат два члена на Советот за јавни набавки на коешто е тело предвидено со новата реформа на системот за јавни набавки и тело кое што има значајна улога во спроведувањето на целокупниот систем. Затоа потребно е да се најдат кандидати коишто се способни, имаат содветно образование и соодветно искуство и токму со нивното знење и со нивните вештини да придонесат во реализацијата на проектите коишто ги спроведуваат државните органи и државните институции, посочи владиниот портпарол.

Рокот за пријавување е 20.јануари 2015 година а заинтересираните кандидати  треба да се државјани на Р.Македонија, да имаат стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно да има завршен VII/1 степен на образование, да има работно искуство од најмалку 5 години од кои најмалку 3 години во областа на јавните набавки и да поседува меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, не постар од 5 години, да имаат положено психолошки тест и тест за интегритет и во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не им е изречена  казна или прекршочна санкција-забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Избраните кандидати ќе бидат на функциите во период од 4 годни со право на повторен избор. Ќе работат по 8 часа дневно, 40 часа неделно , односно од 8:30 до 16:30 од понеделник до петок. Коефициентот за плата за членовите на Советот за јавни набавки е 3,7.

Членовите на Советот не можат да бидат членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на РМ или Владата на РМ.

Заинтересираните кандидати терба да достават писмо за интерес со кратка биографија, доказ за државјанство, доказ дека немаат изрешено прекршочна казна и ли санкција- забрана за вршење на професија, дејност или должност, уверение за завршено високо образование, доказ за работно искуство (решенија за учество на комисии за јавни набавки, решенија за распоредување на соодветно работно место поврзано со јавни набавки, потврда за положен испит за лице за јавни набавки, препораки од претходни работодавачи за успешно вршење на работни задачи во областа на јавните набавки и други документи што кандидатот ги смета за соодветни за докажување на искуството во областа) и доказ за положен психолшки тест и тест за интегритет, на адресата на Владата на РМ – бул. Илинден бр.2 или директно до архивата на Владата со назнака „Оглас за именување на два нови члена на Советот за јавни набавки“.