Огласи за доктори и наставник за Македонски брод

Огласи за доктори и наставник за Македонски брод
Огласи за доктори и наставник за Македонски брод

Праксата на решавање на проблемите на граѓаните од страна на државните институции продолжува.

По големиот број на решени проблеми кои граѓаните ги истакнуваат на редовните средби што премиерот ги има при неговите посети во општините и населените места, владините институции излегоа во пресрет и на барањата на граѓаните од општина Македонски Брод, овој пат од областа на образованието и здравството.

На средбите жителите од селото Косово од Македонски Брод во вторник побараа наставник кој ќе може да одржува настава во кое што од година во година има се поголем број на ученици.

Училиштето Свети Климент Охридски за прв пат после 25 години се реконструираше.

ssspirooo

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски истакна дека ова барање на жителите е исполнето. Изнајдено е решение и ќе се обезбеди  наставник во населено место.

При самата посета на претседателот на Владата му беше изнесено барање со кое беше побарано еден одделенски наставник да се обезбеди за нормално и непречено одвивање на наставата. Врз основа на барањето, утрово МОН со целосна поддршка на министерот за финансии Зоран Ставрески поднесе барање на кое што е позитивно одговорено и учениците од село Косово во Македонски Брод ќе добијат реализација на уште еден од проблемите. Ние како Влада ќе продолжиме и понатака да ги решаваме овие проблеми од локален карактер кои се од исклучително значење за граѓаните, а секако и за најмладите кои ќе добијат наставник кој ќе го надградува нивното образование, истакна Ристовски.

Покрај решавањето на проблемот со наставник, денес се излезе во пресрет и на барањата на жителите од населените места Манастирец и Локвица, но и на останати 20 населени места од Македонски Брод.

Таму премиерот Никола Груевски ги ислуша проблемите на жителите, за кои брзо потоа се изнајде решение.

Согласно ветеното, денес Министерството за здравство објави оглас за изразување на интерес за ангажирање на матични доктори по општа медицина во овие две населени места.

Покрај за овие две населени места од општина Македонски Брод, Министерството за здравство објави ист таков оглас и за населеното место Герман во општина Ранковце.

vesnik-oglass