ВИДЕО: Огнена стихија ја парализира Канада, евакуирани неколку илјади лица

Фото: АП/Танјуг

Голем дел од Канада е зафатен со шумски пожари, а густиот црн чад се проширил 1.600 километри јужно, поради што се издадени предупредувања во САД, во Денвер, Булдер и Колорадо Спрнгс.

Канадските телевизии објавија дека се уништени 15 домови. Во борбата со огнената сихија на пожарникарите им помага и војската. На терен се наоѓаат 1.400 војници обучени за гасење пожар.

Бурата во текот на изминатата ноќ малку помогна при контрола на пожарите.

Ветровите во Канада дуваат кон север и се движт со брзина од 40 километри на час,  поради што некои подрачја се во опсност.

Фото: АП/Танјуг
Фото: АП/Танјуг