Огнено оружје украдено од стан во Скопје

Огнено оружје е украдено од стан, во сопственот на Ж.С.(35) на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје во периодот од 29. јули до 2. август.

Сторителот влегол внатре и одзел една мала калибарка калибар 5,6мм и една ловечка пушка калибар 9мм. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.