Огномет, чудни традиции и многу насмеани лица – еве како Европа ја пречека Новата година

Целиот свет возбудено и со желби за среќа ја пречека Новата 2014 година.

London (Beta/AP)

Лондон ја дочека 2014 со мешавина од футуристички огномет и традиционални светлосни факели, а жителите на британската престолнина овој пат имаат можност дури и да го вкусат огнометот.

Конфети со што се јадат со вкус на банана, чад со вкус на јагода, снег со вкус на праска и меурчиња со вкус на портокал паѓаа од небото додека огномет го осветлуваше Би Бен и другите знаменитости во градот.

Pariz (Beta/AP)

Во Мадрид илјадници луѓе ја дочекаа 2014 година на улица, придружувајќи се на традицијата во таа прилика со секое отчукување на часовникот точно на полноќ да изедат по едно зрно грозје – за секој месец од годината по едно. Тоа, како што се верува, би требало да им донесе среќа.

Во Париз над стотина илјади луѓе се собраа на Елисејските полиња, додека Германците традиционално Новата година ја дочеа пред Бранденбуршката порта во Берлин, каде се собраа стотина илјади луѓе.

Се славеше и на мостовите во Келн, пристаништата во Северното море и Балтикот, во планинарските куќи, луксузни ресторани и скромни домови, со огномет, музика, јадење и пиење, што некому, како и претходните години, сепак им донесе и’ проблеми.

На маргините на големата берлинска забава на отворено дојде до тепачка меѓу две групи млади луѓе при што тројца се избодени со нож, јавуваат германските медиуми.

Во Виена, со огномет и звуците на валцер Новата година, според официјални податоци, ја дочекале 690.000 луѓе на „Новогодишната траса“ која што по 24-ти пат се протегаше по улиците низ центарот на градот. Трасата се простира од плоштадот пред градското собрание низ уличките од градското јадро. Долж трасата 60 гастрономски компании служеа варено вино и кулинарски специјалитети.

Најомилениот ритуал на Виенци за дочекот на Новата година секако им е да наздрават со сект или шампањ. Голем број Австријци пред Новата година си купиле, како што налага традицијата, мали пластички прасиња или деталинка со четири листа, кои треба да им донесат среќа во новата година.

Moskva (Beta/AP)

Во Москва Новата година е дочекана со спектакуларен огномет пред Кремљ, но на Црвениот плоштад забележително беше зголеменото присуство на силите за безбедноста по терористичките напади во Волгоград овие денови.

Во Русија Новата Година е дочекана прво на рускиот далечен исток, а претседателот Владимир Путин направи исклучок од традицијата на преседателски новогодишни говори, правејќи оваа година две верзии.

Руските лидер обично даваат кратки, однапред подготвени пораки кои се емитуваат како што Новата година почнува во секој од двете временски зони во оваа земја. Новогодишното обраќање на Путин за регионот на Далечниот исток и овој пат беше вообичаено. Во него од Кремљ им се обрати на Русите повикувајќи ги да ги здружат силите во работата.

Еден час подоцна, меѓутоа, Путин се појави со поинаков говор, во кои ги споменува овонеделните бомбашки напади во Волгоград и ветувајќи дека ќе го искорени тероризам. Второто видео на Путин е направено во вторникот за време на неговата посета Хабаровска и емитувван е во останатите временски зони.

Како што објасни портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, немало време тој говор да се емитува и во моментите на пристигнувањето на Новата година на Далечниот исток, пренесува радио Ехо Москва.

На улиците на Волгоград во последните часови од 2013 имаше малку луѓе. Големите празнични собирања беа откажани, а на граѓаните им беше апелирано да се воздржани од огномет.

Во Киев на Плоштадот на независноста најмалку 100.000 Украинци ја дочекаа Новата година пеејќи ја националната химна во знак на поддршка на европските интеграции.

На централниот киевски плоштад веќе повеќе од месец дена се одржуваат масовни проевропски протести кои почнаа откако претседателот Виктор Јануковиќ одлучи да ги прекине подготовките за потпишување на Договорот за придружување со Европската Унија.

Лидерите на украинската опозиција ги повикаа граѓаните Новата година да ја дочекаат на плоштадот пеејќи ја националната химна во знак на отпор, а очекувајќи дека во таа прилика би можел да биде соберен светскиот рекорд на бројот на луѓе кои во живо пеат химна.

Според Гинисовата книга на рекорди, најголем број луѓе кои во живо ја пееле химната се собрале во мај 2013 во Индија, кога се собрале 121.653.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.