Ограбен домот на директорот на централната банка на Латвија осомничен за корупција

Домот на осомничениот за корупција претседател на централната банка на Латвија, Илмат Римшевич е ограбен ноќта кон саботата, соопшти за новинарите неговиот адвокат Саулведис Варпинс.

Според адвокатот, од приватната куќа во местото Лангстин украдени се неколку „многу вредни работи“. Варпинс додал дека крадците сериозно „работеле“ обивајќи го домот, а тоа го наведува неговиот клиент на помислата дека тоа не е случајно.

„Ситуацијата укажува дека станува збор за однапред планирана и добро организирана операција“, истакнал Варпинс.

Во моментот на ограбувањето Рамишевич не бил дом, а за инцидентот веднаш била информирана полицијата која отворила кривична истрага. Варпнис не прецизирал притоа какви предмети се украдени, истакнувајќи, дека тоа се детали кои се однесуваат на истрагата, со кои во моментов работат иследници.

Портпаролката на полиција го потврдила случајот, но, исто така, не сакала да зборува за украдените предмети.

„Беше констатирано дека имало насилно влегување во домот и од него исчезнале предмети. Списокот на предметите коишто недостигаат“, рекла.

Претседателот на централната банка на Латвија, Илмар Рамсевич е осомничен за изнудување и примање голем поткуп. Првиот латвиски банкар изјави дека се чувствува без вина, иако го товарат за примање на мито од најмалку 100.000 евра.