Ограбен манастир во битолско

Тешка кражба се случила вчера дента во манастирот „Св. Христофор“ во село Крстоар, битолско.

Крадецот одзел околу 300 денари, ланец со крст, привезок крст и магнетна белегзија, со што причинил материјална штета од околу 1.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот.