Ограбен маркет на „Тинекс“

Маркет на Тинекс во Скопје синоќа е ограбен од засега непознат сторител кој со закана со нож од вработената го одзел дневниот промет.

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 21.40 часот во Скопје во маркет на улца „Вич“.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.