Ограбен маркет во гостиварско

Маркетот „Рио Компани“ во гостиварското село Градец завчера бил ограбен.

Според СВР Тетово, ноќта помеѓу 15 и 16 јуни непознати сторители насилно ја отвориле заштитната решетка на влезот од маркетот по што влегле во магацинскиот простор. Таму од метален ормар одзеле 300 евра и 18.000 денари и поголема количина цигари.

Според пријавата на сопственикот на маркетот, пленот на крадците се проценува на 290.000 денари.

Екипа од гостиварската полициска станица изврши увид и трага по сторителите на кражбата.