Ограбен маркет во Скопје

Синоќа во 20.20 часот во Скопје на улицата Букурешка е ограбен маркетот „Тед“ ДООЕЛ.

Грабежот се случил на тој начин што сторителот со ножи се заканил на вработената.

Од касата на маркетот се одземени 18.135 денари.

Министерството за внатрешни работи работи на расчистување на случајот.