Ограбен маркет во скопско Ново Село, арамијата зел 2.000 кутии цигари

Пари и цигари украл арамија од маркет во скопско Ново Село.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи викендов се случила тешка кражба во маркетот „365“ во скопско Ново Село.

Арамијата успеал со погоден предмет да ја отвори влезната врата, а потоа од маркетот украл  3.000 денари и 2.000 кутии цигари разни марки, причинувајќи материјална штета од околу 280.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.