Ограбен маж од тетовско: Му украле чанта со 23.000 евра

Со пиштол и закани ограбен маж од тетовско. Крадците му одзеле чанта во која имал 23.000 евра.

Како што информира МВР, настанот се случил вчера вечер во село Непроштено, тетовско. Четириесет и две годишниот Ш.И.(42) од село Добарце пристигнал со возило „Пасат“ со германски регистарски таблици пред угостителски објект во с.Непроштено.

Тој пристигнал заедно со неговиот пријател О.М.(23) од с. Џепчиште, а пред објектот биле запрени од две непознати лица, вооружени со пиштоли кои им наредиле да излезат од возилото.

По ова едниот со шлаканици го удрил О.М, додека на  Ш.И. му впериле пиштол и побарале да им ја даде чантата, во која имал 23.000 евра.

Откако ја зеле истите избегале, а Ш.И. и О.М. влегле во возилото и се упатиле по регионалниот пат и по кратко време О.М. ја отворил вратата и набрзина го напуштил возилото.

На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.