Ограбен мигрант од Прифатен центар Табановце

А.Т. излегол од Прифатниот центар Табановце да оди во продавница во село Ваксинце, но по пат бил пресретнат од сторителите кои, заканувајќи му се по неговиот живот, му побарале пари.

Откако им рекол дека нема, сторителите физички го нападнале и му одзеле 10 евра и 2.400 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.