Македонија,Крими хроника

Ограбен секси-шопот „Валијант“

Ограбен секси-шопот „Валијант“

Синоќа во скопската населба Аеродром била ограбена продавниата за сексуални помагала „Валијант“.

Крадците зеле голем број сексуални играчки, како што се: вибратори, пластични вагини, секс-козметика, сексуални сетови и друго.

Сопственикот на продавницата, Горан Милиќ, за Телеграф изјави дека сторителите биле немилосрдни. Ги искршиле трите заштитни катанци и успеале да влезат во продавницата.

11-594x800

„Ниту дебелите железни решетки, ниту четирите брави не успеаја да ги спречат провалниците, кои ноќеска го ограбија првиот ’Секс шоп Валијант 1’ во подземниот премин кај ТЦ ’Скопјанка’. Најверојатно во доцните часови користејќи го празникот, провалниците украле вибратори, дилда, силиконски вагини, пенис-продолжувачи, секс-козметика, најголем дел од големото количество на артикли кои биле подготвени за разубавување на новогодишното расположение. Интересно е во случајот што штотуку купениот нов најсовремен компјутер не е допрен“, вели сопственикот Горан Милиќ и додава дека крадците по сè изгледа ги интересирало да го „освежат“ својот сексуален живот без да купуваат работи.

Од полицијата потврдуваат дека било пријавено тешка кражба во „Валијант“. Денеска увидна екипа на МВР извршила увид во секси-шопот и се работи на пронаоѓање на сторителот.

Извор: Телеграф.мк