Ограбен „Сенатор“, арамијата побогат за 200.000 денари

Разбојникот, вооружен со пиштол, влегол во клубот и на вработените им дал црна кеса, во која требало да ги стават парите. Тој ги предупредил да не го активираат алармот и да побрзаат, бидејќи во спротивно ќе пука.

Со пленот од 200.000 денари арамијата го напуштил местото.

Полицијата презема мерки за откривање на идентитетот и расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.