Ограбен стан во Капиштец, одземен имот во вредност од 12 илјади евра

На ул.„Народен Фронт“ во Капиштец во стан сопственост на А.П.(35), непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел поголема количина златен и сребрен накит, четири турски лири и еден машки рачен часовник при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 740.000 денари.

Имено, сторителот со погоден алат делувал на вратата, влегол внатре, извршил пребарување, ги одзел наведените работи и го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот