Ограбен стан во Капиштец

Ограбен стан во Капиштец
Ограбен стан во Капиштец

Од стан во скопската населба Капиштец украдени се 100.000 денари, 700 евра, 200 австралиски, 100 канадски долари и златен накит.

Како што соопшти полицијата, кражбата ја извршил засега непознат сторител во периодот меѓу 26 јули и 9 август годинава, стекнувајќи противправна имотна корист од 470.000 денари.

Станот во населбата Капиштец се наоѓа на улицата Народен Фронт, и е сопственост на А.И.(41).

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.