Ограбен стан во Скопје

Во периодот 9-ти до 12-ти јануари, во Скопје на ул. „12-та Македонска Бригада“ во куќата на А.Б.(35), извршена е кражба во која биле одземени разновиден златен накит, пиштол „чешка зброевка“ кал. 9 мм. кој А.Б. го поседувал со дозвола, 200 куршуми, рамка од пиштол „глог“ со 17 куршуми и друга техничка стока.

Вредноста на предметите се проценува на околу 300.000 денари.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за откривање на сторителот.