Македонија

Ограбен таксист во Скопје

Ограбен таксист во Скопје

Синоќа во 21,45 часот на ул.„Јани Лукроски“ додека К.С.(29) од Скопје стоел со своето такси возило, влегло едно непознато лице и побарало да го превезе до ул.„Бутелска“.

Откако пристигнале до местото, лицето со закана со нож му одзел сума на пари од околу 500 денари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.