Ограбен тетовчанец на Партизанска

Вчера околу 01.15 часот во Скопје на бул. „Партизански Одреди“, од страна на неколку непознати лица извршено е разбојништво над А.С. (30) од Тетово, при што истите физички го нападнале и му одзеле мобилен телефон и паричник во кој имало околу 300 денари.

Истиот поради повредите од нападот е пренесен во Ургентен центар Скопје. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.