Грабеж на банка каков Македонија досега не видела

Неколку стотина илјади евра фалат од трезорот на банка во Скопје, објави вчера Алфа, истакнувајќи дека информацијата ја потврдило и Министерството за внатрешни работи.

Неофицијално, парите најверојатно станале плен на тројца вработени во банката, двајца трезористи и еден одговорен за безбедноста на парите. Вработените кои биле задолжени да внесуваат пари во банкомати, дел од парите ги ставале внатре, а дел задржувале за себе, а притоа во софтверот на банкоматот внесувале лажни податоци за тоа колку пари се оставени.  Тоа го правеле неколку месеци.

Министерството за внатрешни работи, деталите за овој грабеж најверојатно ќе ги обелодени денеска.