Ограбен трезорот на Тутунска банка

Четириесет годишен вработен во Тутунска банка, вчера попладне го ограбил трезорот на банката. Случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот во 16:58 часот.

Од полицијата информираат дека вработениот Б.С. од трезорот одзел 2 милиони франци и 270.000 евра, ги ставил во ќеса и без да биде забележан излегол од банката.

Полицијата трага по лицето.