Ограбен турски државјанин во Скопје

Синоќа на улица Васил Ѓоргов во Скопје, извршена е тешка кражба во стан во кој привремено живее Ј.Н.(32) од Р.Турција.

Како што информира полицијата, непознат сторител преку балконот од мезанинот се прекачил на балконот од дневната соба од станот, ја скршил вратата, влегол внатре и украл 300 евра, разновиден златен накит, неколку рачни часовници и парфеми, а потоа го напуштил местото на настанот.

Со тешката кражба, сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 330.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.