Ограбен возрасен човек во Кочани, му одзеле 100 евра

Вчера во Кочани на ул.„Кеј на Револуцијата“бб, три непознати лица извршиле разбојништво над М.Н.(76) од с.Калиманци, при што му одзеле најлонско кесе во кое имало околу 3.000 денари, 50 евра и лични документи.

Имено, лицата му пришле на М.Н. од позади грб, при што едно од нив ја протнало раката во џебот од палтото на оштетениот, кој сакајќи да се одбрани го фатил лицето за нога, но во тој момент сторителот го гризнал М.Н. во пределот на десната подлактица.

Останатите две лица го турнале на земја, при што истиот паднал и се здобил со повреда во пределот на левата подлактица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.