Ограбена аптека на „Рузвелтова“ во Скопје

Разбојништвото било пријавено во полиција синоќа во 21 часот. Крадецот влегол во аптеката и со закана со нож одзел од вработената 21 илјада денари од дневниот промет, по што избегал. Полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.