Ограбена аптека во центарот на Скопје

Аптека на Зегин во центарот на Скопје е ограбена ноќта кон неделата од маскиран напаѓач, кој под закана од вработената одзел пари.

Во 21,30 часот од ЕИК Скопје, пријавено е дека околу 20,10 часот на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во аптеката, непознато маскирано лице, влегло внатре и со закана со тврд предмет од вработената одзело засега неутврдена сума на пари по што избегало во непознат правец, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, како и за целосно расчистување на случајот.