Ограбена аптека во Скопје

Аптека на „Мак Фарм“ на улица „Веселин Маслеша“ вчера околу 20.50 часот била ограбена.

Непознатиот сторител со маска и под закана со нож, извршил разбојништво над вработената во аптеката при што успеал да и одземе 14.000 денари.

Од полицијата велат дека работат на пронаоѓање на сторителот.