Ограбена аптека Зегин

Непознат сторител синоќа украл 19.400 денари од аптеката „Зегин“ лоцирана на улицата Московска во Скопје.

Како што соопшти МВР, кражбата во „Зегин“ се случила околу 20:30 часот откако разбојникот, со нож в рака, и се заканил на вработената, по што таа ја отворила фиоката, а тој ги одзел парите и избегал.