Крими хроника

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

Синоќа околу 3:30 часот тројца непознати маскирани сторители извршиле разбојништво во бензинската пумпа „Макпетрол“ на улица Антон Попов.

Еден од разбојниците бил  вооружен со пиштол и им се заканли на вработените при што одземени им биле околу 50.000 денари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.