Ограбена бензинска пумпа во Чаир

Непознато машко лице вооружено со пиштол синоќа ја обграбило бензинската пумпа на „Макпетрол“ на улица „Кемал Сејфула“ во скопски Чаир.

МВР соопшти дека вооружениот крадец им се заканил на вработените на бензинската и одзел торба со пари, по што се упатил кон улицата „Дижонска“.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на крадецот.