Ограбена бензинска во радовишко

Ограбена бензинска во радовишко. Синоќа околу 02.30 часот две непознати лица извршиле разбојништво во бензинската пумпа „Еуро Петрол“, која се наоѓа на магистралниот пат Струмица – Радовиш кај село Калуѓерица.

Како што информира МВР, едно од  лицата со безбол палка влегло во објектот на бензинската пумпа и им се заканило на двајцата вработени дека ќе ги нападне, одзело околу 8.000 денари, по што двајцата го напуштиле местото.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на  лицата.