Ограбена бензинска во Скопје, од касата земени 80.000 денари

Бензинска пумпа во Скопје беше мета на разбојништво. Како што информираат од МВР, настанот се случил рано утрово околу 02.00 часот.

На ул.„Козле“ во бензинска пумпа на „Мак Петрол“, од страна на засега непознато машко лице со закана со пиштол, извршено е разбојништво врз вработените, при што се одземени околу 80.000 денари.

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.