Ограбена бензинска во Скопје

Две вооружени маскирани лица вчера ограбиле бензинска пумпа на „Макпетрол“ на улицата „Антон Попов“.

Тие заканувајќи се со пиштол од вработените одзеле околу 75.000 денари по што го напуштиле местото на настанот.

МВР презема мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.