Ограбена бензинска во Зајас

Разбојништво во бензинската пумпа „Триолу Петрол“ во селото Зајас, кичевско.

Непознато лице со спреј во пределот на главата го испрскало вработениот одземајќи околу 12.000 денари пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.