Ограбена бензиска пумпа во Скопје

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“, од која крадецот одзел околу 1.600 евра.

Како што соопшти МВР, вчера околу 17:45 часот во Скопје на булеварот „Македонско Косовска Бригада“ непознат сторител маскиран и вооружен со пиштол, од вработениот одзел околу 100.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.