Ограбена црква во село Љуботен

Ограбена црква во село Љуботен, скопско. Од црквата одземени се пари, а оштетена е и една икона. Како што информираат од МВР, црквата била ограбена во текот на вчерашниот ден.

Непознат сторител со употреба на погоден алат насилно ја отворил влезната врата од црквата „Свети Никола“ при што одзел сума на пари од околу 2.000 денари и во близина на олтарот оштетил една икона по што го напуштил местото на настанот, информираат од МВР.

Од страна на СВР-Скопје извршен е увид и се превземаат мерки за целосно на расчистување на случајот.

За три месеци ограбени најмалку седум цркви

Инаку, ова не е прв случај да бидат ограбени верски храмови и цркви. Во периодот од мај до јули годинава, полицијата известила за најмалку седум случаи на извршени кражби во цркви во повеќе населени места и градови во државата. Најчесто, крадците го користат моментот кога нема никој во верските објекти и ги вршат кражбите.

Во четири месеци ова е осма по ред ограбена црква во Македонија
Во четири месеци ова е осма по ред ограбена црква во Македонија

Кон крајот на минатиот месец, беше ограбена црква во село Сретково, гостиварско. Од црквата „Св. Богородица“ беа украдени 500 денари.

На први мај беше ограбена црквата „Св. Јован Крстител“ во село Булачани, а од верскиот храм биле одземени 300 денари.Во периодот од мај до јули годинава, ако не се земе во предвид последниот случај, полицијата известила за најмалку шест случаи на извршени кражби во цркви во повеќе населени места и градови во државата. Најчесто, крадците го користат моментот кога нема никој во верските објекти и ги вршат кражбите.

Неколку дена подоцна беше ограбена црквата Св. Богородица во село Кравари, Битола, од каде биле одземени околу 2.000 денари.

Една недела подоцна беше ограбена и црквата „Свети Никола“ во Пештани, од каде биле одземени 500 денари. Оваа црква, повторно беше ограбена само еден месец подоцна кога од црквата беа одземени околу илјади денари.

При крајот на месец мај кражба се случила и во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мрзенци, гевгелиско, кога непознат сторител од црвата одзел околу илјада денари.

Освен пари се крадат и други вредни предмети

Освен пари, на мета на крадците често се и вредните предмети и икони во црквите.

На 19-ти мај годинава полицијата информираше дека е ограбена црквата „Св. Недела“ во скопското село Катланово, каде од извршениот увид беше констатирано дека крадците украле четири икони.