Ограбена црква во битолско, крадецот се офајдил со 4.000 денари

На 29.11.2014 година во СВР Битола е пријавено дека во периодот од 23.11 до 29.11.2014 година непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Никола“ лоцирана во с. Карамани, влегол внатре и од просторијата за продажба на свеќи одзел разновидни ситни пари монети и банкноти во вредност од околу 4.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.