Ограбена црква во Кисела Вода

Црквата „Св. Преображение Христово“ била мета на на крадци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Крадецот успеал да влезе во црквата, која што се наоѓа на улицата Сава Ковачевиќ во скопската населба Кисела Вода, од каде што украл три илјади денари.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.