Македонија,Крими хроника

Ограбена црква во Мала Преспа

Ограбена црква во Мала Преспа

Непознати сторители насилно влегле во црквата „Свети Василиј“ во селото Леска, Мала Преспа, уништиле неколку икони, а со себе ја земале и камбаната, пренесува МИА.

Како што потврди отец Алексо за весникот „Македониум“ кражбата се случила пред два дена.

– Ова е петти пат како ни доаѓаат несакани гости во црквата и ни ја ограбуваат. Никогаш до сега крадците не се откриени. Апелирам до полицијата да биде поажурна и да ги најде вандалите, кои се надевам дека ќе ги стигне и божјата казна, вели отец Алексо.

Поради тежината на камбаната повеќе од сигурно е дека биле повеќе лица со возило за транспорт.Црквата „Свети Василиј“ во малопреспанското село Леска е изградена во осуманесетиот век.